АктуелноЛокално

Државен завод за ревизија: Левица е најтранспарентна партија во Македонија

Само ден по објавата од бугарските „тинк-тенкови“ кои измислија приказна за финансирање на политички партии со „руски пари“ и тоа во висина поголема од вкупниот буџет на државата, лажна вест, за жал пренесена од многу медиуми во земјава, Левица го сподели соопштението на Државниот завод за ревизија, согласно кој Левица е пример за финансиска транспарентност и најтранспарентна партија во Македонија, по што невистините уште еднаш паднаа во вода,

Државниот Завод за Ревизија, како единствена стручна институција во Македонија, по извршената ревизија врз финансиските извештаи за локалните избори од 2021 година, не констатира НИТУ ЕДНА неправилност во финансирањето на политичката партија Левица.

Дополнително, годишната завршна сметка заедно со Извештајот за донации на политичките партии секоја година се поднесува до Државниот завод за ревизија, Централен Регистар и УЈП.

Без конкуренција, Левица е најтранспарентната парламентарна партија во секој поглед, ослободена од криминалните шеми на останатите политички субјекти – потврдено низ годините и под будното око на институциите. Невистините и обидите за дискредитирање се потполно неразумни и неефективни кога станува збор за единствената партија, која преку правичноста и борбата против криминалите се етаблира, како силен општествен фактор, велат од партијата.