Левица: Солидарност со српскиот народ на Косово и Метохија

  • Реакција на Левица – Сектор надворешна политика

Минатата недела сведочевме на бројни немили настани кои се случија во резултат на репресиите кои се вршат врз српскиот народ на Косово и Метохија. Меѓународните „безбедносни сили“ повторно покажаа пристрасност во однесувањето, при што уште еднаш наместо да го заштитат послабиот, тие употребувајќи прекумерена сила, практично беа дел од страната која вршеше репресии.

Однесувањето на запaдните империјалистичките слуги на власт во Приштина, преку спроведување на нелегитимни избори, за кои немаше согласност на населението кое треба да гласа, насилно се обиде да ја преземе локалната власт и на нелегитимен начин да ја наметне својата волја.

Додека пак изостанувањето на интервенција од страна на земјите од Западот, овој недемократски чин карактеристичен за окупаторски сили да спроведе наметнување на власт од друга страна, ја исфрлија на површина целата лицемерност на овие земји, бидејќи дозволија газење на основните човекови права и демократијата.

Одбивањето на Приштина да го имплементира договорот потпишан со Белград, веќе цела деценија несомнено ја нарушува безбедноста во целиот регион. Военото присуство на НАТО дополнително се користи како закана од репресија кон српскиот народ, секогаш кога тој ќе се обиде да ги заштити своите основни права.

Непочитувањето на договорените права не можат да донесат ништо друго, освен нестабилност и конфликти. Изразувајќи солидарност со српскиот народ на Косово и Метохија, подвлекуваме дека, на Балканот, нема да има мир и стабилност додека на овие простори има странски воени окупациски сили, какви што се НАТО и силите на КФОР.