Кремљ ги предупредува другите држави да не се мешаат во Специјалната воена операција во Украина

Москва е подготвена најодлучно да одговори, доколку некоја страна се осмели да се меша во Руската специјална воена операција во Украина, изјави во портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Ние, пред се, тргнуваме од наредбата на претседателот (Владимир Путин) која ја даде на 24 февруари. Русија ќе биде подготвена да возврати со најодлучен одговор кон страната која некако ќе се обиде да влезе во Украина и да се вклучи во специјалната воена операција што руските вооружени сили во моментов ја спроведуваат“ – рече портпаролот на Рускиот претседател.

Коментирајки го прашањето за потенцијален директен судир Русија-НАТО, портпаролот на Кремљ нагласи дека сите сакаат да го избегнат такво сценарио.

„И Русија (сака да го избегне тоа), изјавите во таа насока беа постојано беа давани од НАТО, и што е најважно, од Вашингтон, вклучително и на највисоко ниво. Вакви изјави претходно можеше да слушнеме од Претседателот на САД Џо Бајден. Ова е она што секој би сакал да го избегне‘‘, – изјави Песков

Заменик-претседателот на рускиот Совет за Безбедност, Дмитриј Медведев, претходно на својот Телеграм канал напиша дека пумпањето оружје во Украина ја зголемува веројатноста за потенцијален конфликт помеѓу НАТО и Русија, што може да прерасне во нуклеарна војна. Според него, ваквото сценарио би било катастрофално сценарио за сите.