Промоција на книгата “Мојот сон“ од доктор Џемиле Берат во Крива Паланка

   На 14.04.24 (недела) со почеток од 12 часот во Фоајето на НУ Центар за култура Крива Паланка ќе се одржи промоција на автобиографска книга“Мојот сон“ од доктор Џемиле Берат  родена во Крива Паланка.

    “Пишувањето на оваа автобиографска книга ја чувствував како должност зашто сакав да биде мотивирачка за сиромашните, интелигентни млади луѓе, особено за мојата ромска нација, дека желбата, трудот и упорноста секогаш победуваат во остварувањето на својот сон како што ми помогнаа и мене. Го остварив својот сон, станав докторка и тоа прва докторка Ромка“- Џемиле Берат .

  Рецензент: Гоце Ристовски