Мојсоска: Само протекторат влече легитимитет од странски центри на моќ

Статус на Јована Мојсоска, член на Президиум на Левица

„Алтернатива денес држи прес со поставени албанско, американско и ЕУ знаме, без ниту едно македонско знаме (барем не беше воочливо на кадарот што течеше на вести). Мислам дека ваква перверзија на политиката се среќава само кај нас, со оглед на тоа какви масакри има извршено САД врз Блискиот исток (каде доминантно е муслиманско население).

Оттука, се наметнува прашањето, која е потребата за експонирање на знамиња на странски држави и организации, без истакнување на државното знаме? Само во протекторат под надворешна власт, легимитетот се влечи од други центри, а не од народот. Политичката ситуација во Македонија е веќе толку разобличена, што на секој обичен човек му е јасно дека амбасадите (то ест една амбасада), а не изборите, пресудуваат кој ќе формира влада. Така може да се објасни и една (навидум чудна) изјава на Таравари, кој “ничим изазван”, побара да се зголемат санкциите кон Русија, во време кога Русија донираше вакцини за Македонија.

Вакви политички организации кои експлицитно покажуваат омраза кон сопствената држава треба да се забранат со закон и да се прогласат за државни непријатели. Ниту една модерна држава не толерира вакво газење и непочитување на националното, на државното – како што македонскиот народ трпи, под вечната команда на западните центри за наводни човекови права. Впрочем, иако мејнстрим-јавноста се обидува да избрише од заборав злосторства кои никогаш не добија разрешница, јавна тајна е дека американски генерали шпионираа и пренесуваа инсајдерски информации од македонската армија во 2001 година, за да ги снабдат терористите од УЧК за делувањата на македонските одбранбени сили.

Истите либерални квази-интелектуалци, професори по фамилијарна династија, апстрихирани активисти и граџани на светот – како да не го гледаат бруталниот етноцентризам кој секојдневно им поминува на екраните, додека не пропуштаат секој обид за заштита на македонското национално јадро (то ест, она што остана) да го окарактеризираат како најбрутална врста на фашизам.“