Актуелно

ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на австрискиот бизнис на коцкарници во земјава

На денешната прес-конференција во Собранието, пратеникот Миле Лефков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не извести дека неговата пратеничка група е против законските измени на Законот за игрите на среќа, кој предвидува какви такви ограничувања на овој „бизнис“.

Лефков не пропушти да се повика и на австрискиот амбасадор, Георг Вуцас, кој неодамна, упати писмо до власта загрижен за иднината на капиталот во оваа индустрија. Да се потсетиме дека доминантниот капитал во споменатата индустрија доаѓа токму од неговата земја, Австрија – земја од каде доаѓаат едни од најголемите приредувачи на игри на среќа во земјава Casinos Austria International и Novomatik, во која удел има и, за македонската јавност познатиот евро-комесар кој беше моторот на Преспанскиот договор, австриецот Јоханес Хан.

За намерите на австрискиот амбасадор замаскирани во „грижа“ за уставноста, упатени преку споменатото писмо до Владата на Македонија, ве упатуваме на неодамна објавениот текст на нашиот сајт, „Амбасадите на западните земји се грижат за уставот само кога е загрозен нивниот бизнис интерес!“. Покрај ова, австрискиот амбасадро отворено бара монополска позиција на австрискиот капитал во оваа индустрија, барајќи предложените измени на законот ако веќе не се повлечат тие да не важат за постоечките компании!?