Филип Достовски, познат активист на Зелена Алтернатива, кој во минатото бил дијагностициран со Хочкинс Лимфома (форма на канцер) и се лекувал успешно со канабис, не беше пожелен на јавната расправа организирана од Министерство за здравство по повод предлог-Законот за легализација на канабис.
На настанот на медиумите им беше забрането да снимаат и истите беа избркани од организаторите.
Филип во своето излагање потенцира дека владата манипулирала при носењето на овој предлог-закон, при што целосно ги маргинaлизирала барањата на пациентите. Тој дополни дека од овој закон на фирмите им зависат парите, а на пациентите им зависи здравјето.
Министерство за здравство организирало "јавна" расправа и поканало само компании, а медиуми беa избркани од расправата и не им беше дозволено да снимаат.
— Мојсоска (@Mojsoskata) December 14, 2021
Филип Достовски 👉„Фирмите за загрозени со пари, ние сме загрозени со здравје." pic.twitter.com/LiZmGZAkga