Амбасадите на западните земји се грижат за уставот само кога е загрозен нивниот бизнис интерес!

Неодамна, Владата најави Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за игри на среќа со кој се предвидува задолжителна дистанца од 500 метри од основни и средни училишта на објектите каде се организираат игри на среќа. Бидејќи најголемата светска компанија на игри на среќа Новоматик Аг, со седиште во Австрија, го доминира и македонскиот пазар на коцкање. Извршен директор на оваа компанија е, за македонската јавност добропознатиот евро-комесар, Јоханес Хан од Австрија. Оттука, јасна е денешната реакција, односно, отвореното писмо на Австрискиот амбасадор во земјава со писмо до владата и до пратениците во кое реагира дека предложените одредби не биле уставни. Тој бара од пратениците доколку на дневен ред на комисијата биде ставен предлог-законот истиот да не го разгледува поради ненадлежност и да не даде согласност за предлог законот поради неуставност.

Сепак, овој крајно проблематичен и не-етички бизнис и понатаму цвета во земјава. Имено, од познатата австриска коцкарница Новоматик АГ, па сè до турската Принцес Груп, кои се сè поприсутни низ сите градови на земјата. Од 2009 до 2015 година во Македонија од страна на Министерство за финансии се лиценцирани шест казина со 16 подружници и рекордни 59 салони со апарати за покер. Но и без овие податоци, доволно е само една мала прошетка низ скопските населби да се забележи дека концкарниците се на секоа ќоше.

„Колку сиромаштијата е поголема толку повеќе расте бројот на обложувалници и казина“, смета Димко Кокароски, поранешен заменик-министер за финансии и актуелен професор на Економскиот факултет во Прилеп.

„Колку е поголема сиромаштијата толку повеќе луѓето се надеваат дека некои екстра пари можат да ги извлечат од калта. Коцкањето е зголемено кај нас. Имаме низок стандард и пренагласено коцкање“, вели тој.

Австриските и компаниите од земјите со даночни олеснувања, кои се познати како офшор финансиски центри, се најголемите играчи во македонскиот пазар на игри на среќа. Сè поголемиот интерес за инвестирање во овој сектор придонесе Македонија да биде именувана како балкански Лас Вегас.

Според документите со кои располага СКУП – Македонија, казиното Хит Интернатионал е во сопственост на Киро Костовски од Скопје и на домашната компанија „Минт Интернатионал“ од Гевгелија. Како сопственик на оваа компанија се јавува оф-шор компанијата „Минт Интернатионал Лимитед“ со седиште во островите Сент Китс и Невис.

Казиното „К.А.К.“ е во сопственост на компанијата „Басан Холдингс ПТИ ЛТД“ од Австралија и на македонскиот државјанин Огнен Циговски.

Според Блумберг, „казината во Парагвај, Перу и Јужна Африка – земји каде Новоматик делува – беа одбележени од страна на САД како цевки за перење пари од страна на криминалните шефови и бароните на дрогата“.

Се вртат многу афери околу клучните луѓе на оваа компанија. Од оваа група не е исклучен ниту австриецот Јоханес Хан, еврокомесар за проширување и олеснувач на преговорите помеѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Според, пратеникот во Австрискиот парламент Питер Пилц, „Хан договарал и купил имот во Австрија со пари во кеш“. Тој додава дека „тоа дело е перење на пари и затајување на данок“. За оваа афера австриските медиуми пишуваа од 2009 до 2014 година. Во австиските органи е подигната и официјална истрага за овој случај. Покрај ова, во австриските медиуми името на еврокомесарот Хан, беше споменувано и за плагијаторство. Тереза Раитер, новинарка во Виенер Цајтунг, вели дека на тапет во јавноста била и докторската титула на Хан.