(Видео) Голема несреќа во Грција: Најмалку 32 лица загинаа во судир на воз, над 120 се повредени

Во вторникот вечерта на северот на Грција се судрија два воза, а во таа несреќа загинаа најмалку 32 лица, а повеќе од 120 се повредени.

Локалните власти соопштија дека несреќата се случила во вторникот доцна навечер, кога товарен воз се судрил со патнички воз во кој во тој момент имало повеќе од 350 патници.

Судирот се случил недалеку од Евангелисмос, општина во Темпи, која се наоѓа на околу 22 километри североисточно од Лариса во северна Грција.

Како што јавија медиумите, причината за несреќата се уште не е позната, но Грчките железници соопштија дека двата воза тргнале подоцна од планираното.

Возот што сообраќал од Атина до Солун доцнел 48 минути, додека возот што сообраќал во спротивна насока доцнел 70 минути.

Во гаснењето на пожарот и извлекувањето на преживеаните учествувале околу 150 пожарникари со 17 противпожарни возила, кои набрзо го ставиле пожарот под контрола.