(Видео) Додека се гаси уличното осветлување – Општинa Свети Николе една година не наплаќа за светлечки реклами

  • Обраќање на членот на Совет во Свети Николе – Александар Симонов од Политичката Партија Левица

Во Општина Свети Николе се поставени вкупно 41 светлечка реклама на приватна компанија, но за нив во период од една година не е наплатено ниту денар. Претходно за период од една година (февруари 2021- февруари 2022) било наплатено само 65.500 денари за сите овие реклами, всушност, дневно за една светлечка реклама се наплатило помалку од 5 денари – сума многу помала од вкупниот трошок кој го плаќаат граѓаните.

Институт за инженерска економија“ (претпоставуваме без јавен конкурс или наддавање) се стекнал со правото да постави 41 светлечка реклама, за ГОДИШЕН НАДОМЕСТОК од 1.600 денари по столб (светлечка реклама). Ова одобрение со кое за светлечка реклама се наплаќа сума пониска од потрошувачката на електрична енергија е донесено во февруари 2021 година и важи до февруари 2023 година.

За разлика од претходната Власт која донела одобрение со кое наплатата е пониска од потрошувачката, денес, овие светлечки реклами се во функција (и покрај тоа што Советникот на Левица претходно посочи на пропусти и нерегуларности), но една година за нив не е наплатено ниту денар?!

И покрај тоа што на Седницата беше кажано дека е наплатено за изминатата година, сепак во Буџетските извештаи стои дека приход по оваа ставка не е остварен. Утврдено е и дека не постојат мерила со кои се мери потрошувачката на електрична енергија, што е дополнителен проблем за да се утврди колкава штета е направено.

Потсетуваме, додека поради енергетската криза и поскапувањето на електричната енергија, се гаси улично осветлување и се спроведуваат рестрикции за граѓаните, кои плаќаат зголемени сметки по овој основ, за светлечките реклами не е наплатено!

На прашањата: Зошто е направен овој пропуст? Како ќе се надомести штетата? Кој ќе поднесе одговорност? – се’ уште не е одговорено!