Путин му додели „Орден за пријателство“ на Стивен Сегал

Путин потпиша указ со кој на актерот му се доделува „Орден за пријателство“ за „голем придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“, се вели во документот објавен на официјалната веб-страница на руската влада.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликуваше американскиот актер Стивен Сигал, поранешна холивудска ѕвезда, кој во последните години стана активен пборник за ставовите на рускиот претседател, а неодамна и на руската војна во Украина.

Путин потпиша указ со кој на актерот му се доделува „Орден за пријателство“ за „голем придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“, се вели во документот објавен на официјалната веб-страница на руската влада.

Специјалистот за аикидо Стивен Сигал (70) беше една од ѕвездите на американските акциони филмови во 1980-тите и 1990-тите.

Како што неговата кариера опаѓаше, актерот роден во Лансинг, Мичиген постепено се зближуваше со авторитарните лидери, вклучувајќи го и шефот на Кремљ.

Во 2016 година, Сигал доби руски пасош од Владимир Путин, но ја задржа својата американска националност. Оттогаш, актерот живее во Русија, дури и се приклучи на една националистичка партија во 2021 година.

Во август, глумецот отпатува во источна Украина за да се сретне со водачот на проруските сепаратисти во Доњецк, Денис Пушилин, и да му искаже поддршка.