Димитар Апасиев со Алфата блокираше пред Влада

Блокади низ целата држава од денеска започнаа во 13 часот, беа најавени вчера од протестот пред Собранието.

Блокиран е булеварот пред Владата поради протестот на граѓани кои не се согласуваат со францускиот предлог.

Претседателот на Политичката Партија Левица, Димитар Апасиев, со Алфата се придружи на блокадите кај раскрсницата пред Влада.

На својот профил на твитер тој објави фотографија со наслов: Ми се расипа Алфата пред Влада