Граѓаните пропуштија трудница во автомобил со бугарски таблички на блокадата кај Сарамзалино

Денес, од 13:00 до 14:00 часот околу 200 учесници го блокираа регионалниот пат Штип-Велес на клучката кај Сарамзалино во знак на протест против „францускиот предлог“.

Автомобилите на протестирачите беа поставени ширум коловозот, со што сообраќајот беше целосно запрен. Така остана се додека не се појави возило со бугарски таблички кое сакаше да помине низ барикадите.

Дел од протестирачите не сакаа да помине ова возило, но откако протече информацијата дека во возилото има бремена жена, се беше променето.

Ајде потргнете се, срамота е, жената е бремена мора да ја пропуштиме. Ајде да не се спуштаме на ниво како бугарите, да покажеме ние македонците каков народ сме. – Рече еден од протестирачите.

По потврдувањето на оваа информација веднаш беше отстапено место овој автомобил да помине, а гестот беше поздравен од сите присутни граѓаните.