Исламскиот теолог Шеик Имран Хосеин: Застанете на страната на Македонија!

  • Исламскиот теолог и дипломат Шеик Имран Хосеин: Застанете на страната на Македонија, врз неа се врши политичко насилство!

Исламскиот теолог, филозоф и дипломат при Министерството за надворешни работи на Владата на Тринидад и Тобаго, Шеик Имран Хосеин, со видео обраќање најави посета на Македонија. Тој, во видеото се осврна на случувањата во Македонија, предизвикани после т.н. француски предлог, кој Хосеин го означи како политичко насилство врз Македонија. 

Имран Хосеин е познат како жесток противник на НАТО и евро-атлантскиот империјализам. Тој апелираше муслиманите во Македонија да застанат во одбрана на Македонците и да ги одбијат уцените од ЕУ и Бугарија. 

„Врз Македонија се врши политичко насилство! Не ги затворајте очите пред неправдата. Застанете на страната на Македонија“, апелираше Шеик Имран Хосеин.

„Македонија сега е брутално нападната. Кој било човек што зборува на некој јазик, знае дека ние сме сопственици на нашиот јазик, па така и македонскиот народ го поседува правото на сопственост на својот јазик. Очигледно станува збор за грубо политичко насилство, штом се принудени да прифатат дека нивниот јазик е дијалект на некој си друг јазик. Ова претставува политичко и лингвистичко насилство. И не само што тоа треба да биде осудено, туку, ние муслиманите од целиот Балкан, мора да застанеме во поддршка на опресираните. Кристално јасно е дека Македонија е угнетена и врз неа се врши политичко насилство. И функцијата, должноста на муслиманот е да застане во одбрана на угнетуваните, и да пружи отпор на угнетувачот“, објасни Шеик Имран Хосеин.