Владата се согласи со Антикорупциска – Османи злоупотребил службени возила на МНР
Во Извршното резиме до Министерот, антикорупциксата комисија ги наведе дека Министерството за надворешни работи управувано од Османи дека:
Нема определено надлежно лице за водење евиденција на возилата и опремата и нивно сервисирање, регистрирање и осигурување; Не се води евиденција кое лице управува со кое службено возило, ниту се прават патни налози со внесување податоци за поминати километри; Одредени корисници на службени возила немаат обезбедено и доставени уредни и веродостојни сметководствени документи до сектор за финансиски прашања; Не е воспоставен систем за контрола на користењето и потрошувачката на гориво на службените возила.
Османи претходно ги негираше тврдењата на Антикорупциската комисија дека возила на МНР се користеле во партиски цели. Тој одговори и на критиката од шефицата на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, дека тој патувал и држел партиски активности во работно време, во предизборието.
По Антикорупциска и Владата потврди дека министерот Бујар Османи злоупотребил службени возила на МНР за изборни и партиски активности. Вицепремиерката за креирање добри политики, Славица Грковска за Алсат потврди дека по испитувањето на заклучоците на Антикорупциската комисија и тие констатирале повреда на Етичкиот кодекс од страна на министерот Бујар Османи.
Иако Османи тврдеше дека тој нема направено никаква злоупотреба, сепак тврдењата на антикорупциската комисија за злоупотребите на државните возила за партиски цели ги потврди и самата Влада, од која составен дел е и Министерот Османи. Останува да видиме дали Претседавачот на ОБСЕ за ова ќе поднесе некаква одговорност или и за ова нарушување на угледот на земјата ќе се потврди дека законите не важат еднакво за сите.