Левица: Нов бизнис клан во Струмица – Фамилијата на Костадинов влезе во бизнисот со струја и градежништво

  • Реакција на Политичката партија Левица

Градоначаникот на Струмица, Костадин Костадинов, продолжува по стапките на својот претходник и ментор Зоран Заев, градејќи октопод од фирми во сопствеништво на блиски членови на фамилијата, со кои криминално се узурпура Струмица и струмичкиот регион.

Зетот за сестра на Костадинов, НИКОЛА МИЛУШЕВ последните неколку месеци за прв пат зачекорил во бизнис светот, основајќи дури ПЕТ фирми – две за производство на електрична енергија, две за градежништво и една автошкола! Без претходно било какво бизнис искуство, зетот на Костадинов забрзано гради бизнис империја откако Костадинов е градоначалник на Струмица.

Основањето фирми за производство на струја, по примерот на жената и кумот на Димитар Ковачевски, е еднакво на воено профитерство, во услови кога граѓаните плаќаат енормна цена на струјата.

Ја потсетуваме јавноста дека ова не е прв случај на непотизам и сомнежи на судир на интереси поврзан со Костадинов. Претходно истиот беше фатен во скандал за вработување на својата мајка во државна институција, без соодветно образование и никакви квалификации.

Левица ги повикува сите надлежни институции, особено Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да ги испитат условите под кои се основани овие фирми, сомненијата за корупција и судир на интереси, како и потеклото на парите со кои се основани.