Апасиев: Усул да се немало – 73 пратеници наплатиле 360 000 евра за патни трошоци

Патните трошоци остануваат тема која константно бранува во јавноста после секое објавување за тоа, колкава сума народни пари потрошиле пратениците за патување од дома до работа.

Одлуката за наплаќање на патните трошоци на пратениците, претходно е донесена на собраниска комисија, надвор од законската регулатива, што ја прави оваа одлука целосно незаконска и надвор од рамките на Уставот. Левица по тој повод поднесе претставка до Уставниот суд и побара овој пратенички луксуз на грбот на граѓаните да биде укинат, но одлуката на Уставниот суд, беше од другата страна на народниот интерес.

Вчера пратеникот Апасиев повторно остро реагираше на направените трошоци од страна на пратениците и сподели дека 73 пратеници наплатиле 360.000 илјади евра за патни трошоци.

На оваа критика, се надоврза и Генералниот Секретар на партијата Левица која додаде дека пратеникот Мирче Аџиоски, дневно наплаќал по 3 350 денари, додека за целиот досегашен мандат има поставено само две пратенички прашања.

Стружанецов дневно наплаќал 3.500 денари само за патни трошоци, а поставил ДВЕ пратенички прашања. Усул да се немало, напиша Мојсоска.