Ајде сега на кратко околу „лицемерието“

  • Фејсбук статус на Дарија Мустафаоглу, советник од Политичката Партија Левица во Општина Ѓорче Петров и член на Црвена Младина

Неуспешните детективи кои ме напаѓаа овој период минатата година, во отсуство на материјал, им преостана да шират лаги, закани, притисоци, да прават лажни профили за погрдни зборови и слично. Морам да признам, уживав додека ги читав сите ваши изблици на страв и гнев. Ви ветувам дека ќе имате уште многу поводи за напад, смислете ги лагите од сега зашто вистината уште посурово ќе ви ја залепиме во лице.

Ајде сега на кратко околу „лицемерието“:

– Лицемерно е Marko Mihailoski да излегува со соопштение во име на СДММ за целосна поддршка на барањата на студентите, за потоа да не се појави на протестите, па згора да дава и насоки на членови на СДММ да шират очајнички, обесхрабрувачки пораки по студентските групи со цел одржување на пасивноста на студентите и нивно не излегување на протестите за нивните права и стандард;

– Лицемерно е пратеничката група која што го предложи укинувањето на студентскиот субвенциониран оброк сега да се претставува како спасител па и основоположник на студентскиот стандард. А уште полицемерно е премиерот да глуми сојузник на студентите кога моите информации велат дека всушност тој бил иницијатор на идејата да се штеди и крати од студентите.

– Лицемерни се обидите за чистење на образот од страна на пратениците кои ги предложија/потпишаа измените на Законот за студентски субвенциониран оброк, преку изјави од типот „ама јас потпишав за зголемување на износот на субвенционираниот оброк“, кога во март месец го одбија предлогот на пратениците од Левица за зголемување на износот на истиот од 120 на 150 денари. Згора на тоа, иако свесни дека е реално потребно да се зголеми, во петокот гордо и во улога на „херои“ на студентите, го изгласаа истиот износ како минатата година, односно 120 денари.

За само еден месец откако е формиран Советот за унапредување на образованието и науката на чело со премиерот Ковачевски, „унапредувањето“ се манифестираше низ следниве намери и чекори:

– Намера за приватизација на студентските домови;

– Намера за штедење/кратење на стипендиите;

– Предлог-буџет за 2023 година, усвоен од Владата, со кој, во однос на ребалансот на буџетот за 2022 се предвидени: 181 милион помалку за студентски стандард, 144 милиони помалку за наука, 100 милиони помалку за инвестиции во образованието, 8 милиони помалку за реконструкција на студентски домови;

– Намера за начнување во (одземање на) авотономијата на Универзитетот;

– Намера за, практично, укинување на субвенционираниот студентски оброк…

Доуништувањето на образованието, студентскиот и ученичкиот стандард очигледно нема да престане, затоа не смее да престане ниту студентскиот отпор и истиот треба да биде поддржан од сите.