Исмаил: СДС и ДПМНЕ се задолжуваат за оружја и партиски вработувања а не гласаат за нови автобуси!

Советникот од Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил Хактан на својот профил реагираше за набавката на нови еко-автобуси за ЈСП. Како што објави Исмаил, на денешната седница на советот на Град Скопје, советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржаа одлуката за набавка на 50 еко-автобуси.

Додека Владата на СДС се задолжува за купување на оружје од „стратешкиот партнер“ и билдање на администрацијата со партиски кадри на ДУИ, а општините во владеење на ДПМНЕ за бетонизација на јавниот простор и бутање на партиски потрчковци со договори на дело, советниците на овие две партии во градското собрание на Град Скопје гласаа против одлуката Град Скопје да купи еко автобуси кои ќе бидат во ЈАВНА СОПСТВЕНОСТ и ќе служат на ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС пред ПРИВАТНИОТ ПРОФИТ.

Овие две партии се олигархиски здруженија на кои профитот на нивните мецени-приватните компании им е поважен од јавниот интерес на македонскиот народ. – напиша советникот од Левица.