Македонците од Бугарија ја победија Софија пред судот во Стразбур!

Европскиот суд за човекови права, ја осуди Бугарија поради повреда на правото за здружување , член 11 од Европската конвенција за човекови права, во предметот „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ против Бугарија.


Пресудата е донесена по жалбата поднесена против Република Бугарија согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи од Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, здружение со седиште во Благоевград и претседателот на нејзиниот одбор, Ангел Кирилов Радонов, бугарски државјанин на 10 октомври 2013 година.

„Апелациониот суд во Софија го засноваше одбивањето да се регистрира здружението на жалители од две основи. Првото беше дека здружението се залагаше за идејата дека во Бугарија постои македонско етничко малцинство, што значеше дека се обидува да се посвети на такво малцинство – бидејќи тоа не постои во реалноста – и така тоа беше насочено против единството на нацијата. Втората беше карактеризирање на целите на здружението како политички и оттука може да ги следи само политичка партија. Во Обединетата македонска организација Илинден и други (бр. 2) и Јордан Иванов и други, за овие основи е утврдено дека не се доволни за да се оправда одбивањето да се регистрираат слично здружение. Овој случај не претставува значителна разлика. Оттука, има повреда на член 11 од Конвенцијата”,заклучува судот од Стразбур.

Судот од Стразбур утврди дека нематеријалната штета претрпена од жалителите заради кршење на член 11 од Конвенцијата може да се покрие со заедничка надомест од 7.500 евра, и имаат обврска да го регистрираат здружението на Македонците во Бугарија.

Оваа одлука доаѓа во време кога ЕУ експлицитно ја услови Македонија да ги прифати шовинистичките барања од бугарските власти кои во континуитет не го признаваат македонското малцинство, што претставува преседан во односите помеѓу две земји. Иако пред две години, странскиот фактор ја убедуваше јавноста дека единствено спорот со Грција е пречка за влезот во ЕУ и повика да се гласа на неуспешниот референдум, деновиве се засилија барањата за целосно спроведување на Договорот за добрососедство. Владата предводена од СДСМ ги прифати сите барања кои ги постави Бугарија, и покрај силните критики од научната фела која Договорот за добрососедство го осуди како кршење на правото на самоопределување на македонскиот народ и негирање на сите негови јазични и културни достигнувања. 

Оваа најнова пресуда е уште една од серијата на пресуди на Европскиот суд за човекови права во полза на здруженија на македонското малцинство во Бугарија, кое не е официјално признато од земјата, и истите сѐ уште не се конечно спроведени и тие се под мониторинг на Комитетот на министри на Советот на Европа.

МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИЈА ЈА ПОБЕДИЈА СОФИЈА ВО СТРАЗБУР! MAY 28, 2020 Бугарија, македонци, победа, Софија, Стразбур,…

Публикувахте от Ico Najdovski-Perin в Четвъртък, 28 май 2020 г.