Левица: ООУ „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ во Куманово со кров кој пропушта вода и без струја
- Реакција на Левица – ЛО Куманово
ООУ Крсте Мисирков и ООУ Браќа Миладиновци во центарoт на Куманово работат во мизерни услови. Поради неколкудневниот дожд руинираниот кров пропушти вода, по што учениците се приморани во зимски услови се приморани часовите да ги следат во поплавено училиште. Освен ова, учениците ја следат наставата без електрична енергија поради опасност по животот на децата!
Негрижата на МОН од една страна и градоначалникот од друга страна, доведе до ситуација децата второто полугодие да го продолжат во катастрофални услови. Во овој момент наставата се следи со намалено времетраење на часови и во студ.
Ваквите услови во двете училишта се провлекуваат години наназад, па се чини дека градоначалникот воопшто и да не сака да ги реши проблемите во училишните згради. Родителите и сметаат дека нивните најмили не треба да бидат изложени на вакви нехумани услови.
Левица – ЛО Куманово строго го осудува ваквото неработење на градоначалникот и МОН и апелира итно да се преземат чекори како од централната, така и од локалната власт за решавање на овој проблем! А, за тоа што децата се приморани да учат во вакви услови, мора да биде поднесена одговорност.