Сочувство со жртвите во Москва изразија и македонските граѓани

Македонските граѓани изразија сочувство со жртвите од терористите злосторства во Москва.

Вечерта, веднаш откако на социјалната мрежа Телеграм се појавија видеата од терористичките напади извршени во Москва, каде најсурово беа убивани невини луѓе, група граѓани изразија сочуство положувајќи цвеќе пред Rуската амбасада во Скопје.

Спонтано собраната група остави запалени свеќи на влезот од амбасадата. Присутните изразија длабоко жалење и горчина поради згрозувачкиот чин.