Арсовска: Кривична постапка против Цементарница УСЈЕ
- Прес-конференција на градоначалничката на Град Скопје
Градоначалничката на Скопје, Данелa Арсовска на вонредната прес-конференција откри дека Цементарницата „Титан“ во Кисела Вода, придонесува за загадување на воздухот во главниот град.
Град Скопје ова го открил по извршените контроли во фабриката, каде што се забележани испуштање на честички три пати поголеми од дозволените.
„При испитувањата во Цемтантарницата „ТИТАН“ се забележани штетни честички кои се испуштаат во амбиенталниот воздух. Мерењата се направени во два наврати, 26/27 декември и 3-4 јануари. Во двата наврати се измерени огромни пречокрување на честиците кои ги загадуваат воздухот.
Слични резултати добивме и во двата наврати. Станува збор за трипати испуштени загадени честички повеќе на метар кубен во воздухот.
Град Скопје врши увид на овој процес во Цементарницата, при што се забележани сериозни прекршувања. При последното мерење е регистрирано драстично испуштање на штетни честички, при што се нарушува амбиенталниот воздух.
Има надминување и во котларницата на граничните вредности на азотни оксиди, повеќе од двојно поголеми вредности, односно покажуваат 711 милиграми на метар кубен, а дозволени се некаде околу 350 на метар кубен. Поради ова, почнавме кривична постапка против цементарницата Титан Усје“, рече Арсовска.