(Видео) Мециновиќ: Загрижувачки е што Мицкоски има ист став како Пендаровски за уставните измени

  • Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, во гостувањето на утринската емисија „Утрински печат“.

„Кога станува збор за нови уставни измени, на нас не ни е никаква гаранција дека ова ќе бидат последните барања за влез во ЕУ.

Што ако Прогласот на АСНОМ стане барање понатаму за Бугарите? Би ја потсетил јавноста, дека со Преспанскиот договор, зборовите во преамбулата: „одлуки на АСНОМ “, се менуваат со: „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ“.

Тогаш премиерот Заев го објаснува како нешто што ќе ги ескивира проблемите со Грција понатаму, но ете, само допринесе за нови проблеми.“