Левица: Колицијата ДПМНЕ и ДУИ функционира веќе една година во Охрид
- Реакција на Левица – ЛО Охрид
На 21-та седница на Советот на Општина Охрид, наместо остварување на ветените проекти, коалицијата ДПМНЕ и ДУИ изгласа буџет за поскап живот на охриѓани.
Денешното соопштение на ДПМНЕ дека Левица и ДУИ гласале против буџетот е тенденциозна манипулација – затоа што токму советникот од ДУИ Бесник Османи гласаше ЗА буџетот!
Ваквите лаги покажуваат дека ДПМНЕ нема излезено од матрицата за тоталитарно владеење и дека кога се партиски интереси во прашање, спремни се и да коалицираат со ДУИ.
Коалицијата ДПМНЕ-ДУИ изгласа Одлука на ЈП ,, Градски гробишта”, со која гробните места поскапуваат повеќе од 50%.
Советникот на ДУИ, Бесник Османи, гласаше за ова поскапување, заедно со советниците од ДПМНЕ. Османи една година веќе гласа ЗА сите предлози на ДПМНЕ и градоначалникот Пецаков.
Оттука, јасно е обелоденета премолчената коалиција ДПМНЕ и ДУИ и лагите и лицемерието со кои ДПМНЕ ја замајува охридската јавност.