Да не биде после пак ние криви, пак они прави

Статус на Јован Крајевски, член на Президиумот на Левица.


Го дочекавме највисокиот број на луѓе ставени во изолација од почетокот на пандемијата – 336 РАБОТНИЦИ + нивните фамилии + тие со кои биле во контакт. Барем според Телма, а и да не е највисок, не е помеѓу пониските. И тоа не е поради тоа што тие работници не почитувале мерки, туку затоа што газдите нивни не ги пуштија на платен одмор.

Дури сега се затвораат конфекциите, после 2 месеци карантини, полициски часови, “освестени” #СедиДома коментари и препуцавање дека не било време да се потенцира класниот аспект, бидејќи вирусот сите можел да ги фати. Епа сега е очигледно дека не ги фаќа исто газди и работници, дека не е до #СедењетоДома, туку до идењето на работа, па може и две-три класни работи да заведеме у нашите тефтери, за кога ќе помине пандемијата.

Првично, виновни за вториов бран се газдите. Нивната ненаситност ги зарази нивните вработени. Да не заборавиме дека безброј неесенцијални бизниси уште работат

Втори по вина се СДСМ. Тие не забранија да работат овие конфекции. Сите не примораа да седиме дома, а бизнисте не ги чепнаа, испраќајќи јасна порака дека они им служат на моќниците, а не на народот.

Трето место се вечните коалициони партнери, ДУИ. За нив ништо не важи, пошто без нив нема влада. Си уценуваат од страна, да биде по нивно, и ич не им чуе, ни за Aлбанци, ни за Mакедонци.

Четврти се ДПМНЕ. Чисто пошто не се погодија да се на власт се четврти, не дека нешто ќе направеа подобро. И не дека оној Наќе Чулев си ја заврши работата, идејќи по ќефот на ДУИ, за да може да коалицираат после избори.

И последни се сите политичари кои се дограбиле до функција во претходниве три децении. Тие нормализираа да е нормално да ја бараме вината во нас, а не во тие што имаат моќ, ги имаат фирмите и ги носат законите и правилата на игра. Тие ни го интернализираа чувството дека приватната сопственост, што скоро никој ја нема, е таква светиња, што политичар не смее да му каже на газда да ја затвори фирмата за време на пандемија.

Да не биде после пак ние криви, пак они прави.
#ДиктатураНаКапиталот


Го дочекавме највисокиот број на луѓе ставени во изолација од почетокот на пандемијата – 336 РАБОТНИЦИ + нивните фамилии…

Публикувахте от Jovan Krajevski в Сряда, 3 юни 2020 г.