Мојсоска: Анти-македонската политика на Бугарија е сведена на анти-социјализам

  • По усвојувањето на декларацијата од Советот на Општина Благоевград со што го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет, Генералниот секретар на Пoлитичката партија Левица, Јована Мојсоска се огласи со осуда на фејсбук. Во прилог ви го пренесуваме нејзиниот статус:

Благоевград усвоил Декларација со кој се спротивставува на отворање на клубот кој го носи името на Никола Вапцаров.

Додека ги глорифицира фашистичките крвници Ванчо Михајлов, на Бугарија и’ пречи Вапцаров кој бил поетски великан и социјалист (стрелан од фашистичката влада).

Анти-македонската политика на Бугарија е сведена на анти-социјализам.

Една од песните на Никола Вапцаров, напишана за Шпанската граѓанска војна.

Шпанија

Што беше за мене ти? —
Ништо. —
Една загубена земја
на рицари и на плата.
Што беше за мене ти?
Огниште
на некаква љубов жестока
што диво се опива
од крв,
од блесок на ками;
од шлагери
и од гитари;
од страст,
љубомора
и псалми.

Ти за мене сега си судба.
Ти си писанија моја.
Неразделен учесник сум ти
во борба за слобода твоја.

И сега горам, сега се радувам
на секој твој успех боен
и верувам во твојта сила млада —
ја влеав в неа силата своја;

се борам сега до победата
в митралески гнезда скрит
низ улиците на Толедо
и пред ѕидот на Мадрид.

Еден работник, со блуза сина,
пронижан до мене спружен
и под капата искината
без запир му топла крв струи.

Тоа мојта крв е, која
тревожно му в жили клока,
и го знам јас — пријателот тој е
од ланкаширските котли,

кај што двајца со лопати
работевме на печка општа
и немаше ѕид што може
копнеж младешки да сопре. . .

Спиј, мој другар, спиј ти мирно
под знамиња в крв што темнат. —
Твојта крв во мојта мине
и после во цела земја.

И сега таа крв си тече
во фабрики, од град во градот,
ги бранува, ги движи, влече
селата во строј параден —
на упорната надежност,
на трудот и на смелоста,
на сурова неизбежност,
на крвавата слобода.

И дига денес барикади,
во жилите лее кураж,
вришти безумна од радост:
„Мадрид е наш!
Мадрид е наш!”

Светот е наш! Не бој се, друже!
И секој молекулен дел
е наш.
Под небото јужно
ти спиј
и веруј,
веруј во нас!