Негрижата за спомениците од НОБ е сквернавење на АСНОМ

  • Реакција на Политичката Партија Левица

При одбележувањето на празникот 11 октомври во Скопје и во Куманово, јавноста реагираше откако чествувањето се одржа пред искршени и полураспаднати споменици.

Свесни сме дека власта, покрај тенденциозната негрижа и игнорирањето на народно-ослободителната борба, истата се обидува и да ја избрише од колективната меморија, за да ги задоволи шовинистичките аспирации на Софија.

Спомениците се запуштени и руинирани, а во изминативе пет години единствена интервенција која беше направена на спомениците од НОБ беше бришењето на зборовите “бугарски фашистички окупатор”.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска само жали за актуелната состојба, но не кажува дали ќе се преземат активности за нивна обнова.

И додека јавноста реагира на оштетувањето на спомениците, на владината прослава во Крушево, фашистичкиот окупатор го снема од песната „А бре, Македонче“, a стиховите „нека разберат клетите фашисти, македонско име нема да загине“, беа променети во „нека разберат душманите клети, македонско име нема да загине“.

Со оваа пробугарска власт, анти-фашистичкото наследство и историја системски се бришат и сквернават.

АСНОМ е темелот на македонската државност и обидите за негово бришење ги дефинира СДС и ДУИ како АНТИ-ДРЖАВНИ елементи!