Повеќе од половина милион луѓе во САД се без дом – ниво што не е забележано ни во многу посиромашни земји

Новата истрага на „ProPublica“ открива како американските издавачи на станови користат софтвер кој им помага да манипулираат со домувањата, преку проценка на станари со ниски приходи, им нудат високи станарини кои тие не се во можност да ги плаќаат, па остануваат надвор, на улица, но и надвор од пазарот на домување, а имотите остануваат празни. Во некои градови, кириите се речиси двојно зголемени, а во меѓувреме беснее епидемија на бездомници.

Повеќе од половина милион луѓе во САД се без дом, а нивото на луѓе без место за живеење достигна ниво што не е забележано во многу посиромашните земји.

Речиси 8.000 бездомници починале во САД во 2020 година, објави организацијата „Homeless Death Count“ (Броење смртни случаи на бездомници). Зголемување од речиси 77% од 2016 година. Организацијата вели:

Речиси сите овие смртни случаи може да се спречат“.

Смртта на бездомниците во Лос Анџелес се зголеми за повеќе од 30% во 2020 година, иако тоа е петта најбогата држава во земјата. Повеќе од 1.300 бездомници загинаа во ЛА оваа година, а бројот на бездомници порасна повеќе отколку во претходните шест години.

Засолништата низ САД велат дека листите на чекање се удвоиле или тројно се зголемиле во последните месеци. Црното, шпанското и домородното население страда несразмерно, а најлошо е црното население. Тие сочинуваат 13% од општата популација, но сочинуваат 39% од бездомното население.

Непропорционален број на ЛГБТК+ заедницата страда од бездомништво. На пример, 20% од сите сексуални малцинства доживеале бездомништво пред 18-годишна возраст.