АктуелноИнтернационално

Мек Грегор: Западoт сè потешко може да ја сокрие катастрофалната ситуација во Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела го посети Вашингтон на покана на американскиот претседател Џо Бајден. По тој повод беше објавен нов пакет американска воена помош за Украина, во кој е вклучен и системот за воздушна одбрана „Патриот“.

Москва постојано истакнуваше дека Западот се обидува да го продолжи конфликтот во Украина, и дека магацините со странска муниција ќе станат легитимни цели на руската армија.

„Киев ќе мора да се помири со застрашувачката вистина дека системот за воздушна одбрана „Патриот“ нема да ја спаси Украина од пораз“, изјави полковникот Даглас Мек Грегор, поранешен советник на шефот на Пентагон.

„Верувам дека стекнувањето на „Патриот“ нема да доведе до сериозна ескалација во Украина, влијанието ќе биде маргинално“, рече тој.

Според полковникот, овој систем е многу чувствителен и скап за употреба, а практично бескорисен против крстосувачки ракети и беспилотни летала кои летаат на мали височини.

„Најмногу што можат да направат е да обезбедат одредени места од големо значење, како што е некој штаб или контролен центар… Тие нема да можат да го заштитат Киев или Лавов“, нагласи Мек Грегор.

Тој потсети дека Русија има искуство во спротивставување на ваквите системи, па затоа нема да и биде тешко да го заобиколи „патриотот“ и додаде дека „Украина ќе остане без проектили побрзо отколку што можат да предизвикаат штета на непријателот“.

Мек Грегор го привлече вниманието на фактот дека на Запад е сè потешко да се сокрие катастрофалната ситуација во Киев, која, без разлика на воената помош на НАТО, ќе биде поразена во блиска иднина.

Тој смета дека давањето „патриоти“ на Украина служи за американските и европските лидери да кажат „направивме се што можевме, им испративме се што имаме“, иако однапред знаат дека овој потег нема шанси за успех.

Тој објаснува дека „Патриот“ ефикасно функционира само како дел од интегрираниот одбранбен систем на НАТО, а за одржување на батериите се потребни 90 луѓе, кои треба да поминат неколкумесечна обука. Дејвис додава дека една единица не е ни доволна за да го заштити Киев, па тешко дека американскиот подарок ќе го зголеми потенцијалот на украинската противвоздушна одбрана.

Сепак, Конгресот повеќе нема да може да му помага на Зеленски бидејќи администрацијата на Бајден допрва треба да поднесе извештај за трошењето на средствата што веќе се испратени во Украина пред да распредели нови износи, заклучува Дејвис.