Скот Ритер: САД не им помага на Украинците да победат, им помага да умрат
По посетата на Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон на покана на американскиот претседател Џо Бајден беше објавен нов пакет американска воена помош за Украина, во кој е вклучен и системот за воздушна одбрана „Патриот“.
Поранешниот разузнавач на американскиот марински корпус чија служба во текот на 20-годишната кариера вклучуваше должности во поранешниот Советски Сојуз, Скот Ритер ја искоментира оваа одлука на САД од поинаков агол.
Според него главен проблем е што вооружените армии на украинска страна не убива доволно русики војници и констатирапе сооднос 10 спрема 1, на штета на Украинците. Ритер констатираше дека ова американско оружје залудно ќе биде однесено во Украина, затоа што нема кој да ракува со него.
„Значи, идејата дека Украина некако ќе може да ја искористи модерната технологија, која ќе ги сврти работите на бојното поле, е апсурдна. Тоа е трагично апсурдно, бидејќи бројот на загинати и ранети украински војници е огромен.“
Врз основа на Сопствени согледувања, поранешниот разузнавач зборуваше за огромните човечки загуби кои ги има украинската страна.
„Не ја знаеме точната бројка, но разумно е да се верува дека бројот на загинати е значително повеќе од 100.000, а бројот на ранети е многу поголем. Ако оваа борба продолжи со овој сооднос на убиства, со ова темпо, Украина ќе има четвртина милион загинати војници до почетокот на летото, и половина милион мртви до крајот на летото. Ова се бројките што ги поврзуваме со конфликти како Првата и Втората светска војна, но за жал ова се случува денес.“
За обука на екипажот „патриот“ се потребни најмалку пет месеци, а што ќе биде за пет месеци? Дали војната ќе заврши или ќе биде блиску до крај? На ова прашање Скот Ритер одговара:
„Дури и ако Русите не ја завршат копнената офанзива, тие ќе продолжат да ја бомбардираат критичната украинска инфраструктура, особено енергетските постројки.“
Ритер додаде дека и доколку утре се донесе системот „Патриот“ во Украина ќе бидат потребни најмалку 5 месеци за да почне истиот да се користи.
„Патриот“ ќе се појави за пет месеци, а дотогаш нема да остане инфраструктура за заштита. Што ќе биде тогаш со „патриотот“? Дали ќе го распоредат околу Киев? Станува збор за една батерија „патриоти“, а на Киев му треба барем баталјон, па дури и бригада.
Зеленски побарал две батерии и не ги добил, што покажува дека ова е само трагична фарса.
Значи, која е крајната цел? Дали само ќе ги пуштат да искрварат и потоа ќе се обидат да кажат, „не сме ние виновни, им дадовме одличен автомобил што го уништија на првиот свиок. Крив е возачот.“
На крајот разузнавачот констатираше: „Ние не им помагаме да победат, ние им помагаме да умрат. И така е со секоја опрема што ја донесовме на ова бојно поле.“