Левица: Заев преку фондацијата „Едно општество за сите‘‘ продолжува да манипулира и профитира од моќ

  • Реакција на Политичката Партија Левица

На манифестацијата „Златна Олимпија” каде се доделуваат награди за најуспешните жени во спортот, првата награда од страна на претседателот на МОК, Димевски беше доделена на машко – Зоран Заев, за исклучителен придонес во спортот.

Екс советникот за спорт на тогашниот премиер Зоран Заев, Даниел Димевски – актуелен претседател на МОК, за кој беа гласни шпекулациите како воопшто тој се најде на оваа позиција, уште еднаш за јавноста потврди мешање на политиката и приватни, бизнис интереси на неговиот долгогодишен бизнис пријател, Заев.

Да потсетиме дека во бурниот период кога Димевски беше контроверзно избран за претседател на МОК, медиумите жестоко пишуваа дека носи сомнителен криминален багаж, повторно врзан со тогашниот премиер Заев и сѐ уште актуелната власт на СДСМ, а зад неговиот избор стоеше директно Заев, на кого му одговара на оваа позиција да биде нему близок човек, со цел да ги контролира парите во оваа спортска организација.

На манифестацијата „Златна Олимпија” синоќа, присутните беа информирани за планираната соработка помеѓу МОК и фондацијата раководена од Заев „Едно општество за сите”. Со ова, политизираното МОК преку флоскулите за еднаков спорт и можност за сите, очигледно сѐ уште раководена во позадина од СДС спроведува партиска, а не национална агенда за поддршка на спортот во Македонија.

Левица остро го осудува ваквото мешање на СДСМ во највисоките спортски институции и манипулации со спортската јавност.