Само минатата година 53.000 граѓани на Македонија се преселиле во Германија

Само во 2022 година над 53.000 граѓани на Македонија се преселиле во Германија, речиси двојно повеќе од 2021 година. кога во оваа земја се преселиле околу 32.000 граѓани. Според последниот попис, чии резултати се сметаат за нерелевантни поради спроведувањето на пописниот фалсификат, што значи бројката може да е и поголема, во 2022 година 222.000 македонски граѓани живееле во оваа земја.

Кога,е во прашање работата, најголем дел од нив работат во транспортни компании како возачи, а некои и во фабрики за производство на храна. Жените, освен во фабрики, работат и во ресторани за брза храна, но и како хигиеничарки

Берлин, Штутгарт, Хамбург, Хановер итн. се областите кои се најмногу населени од граѓани на Македонија во Германија.

Официјални податоци за тоа колку македонски граѓани заминале во Германија од почетокот на оваа година сè уште не се објавени, но се претпоставува дека бројките уште повеќе ќе се зголемат.

Извор: Skopjeinfo.mk