Југословенскиот крал е убиен за да се замени со бугарскиот крал, а не за да се ослободи Македонија!

  • Соопштение на ОМО ‘‘Илинден‘‘ ПИРИН

Македонци!

Не заборавајте дека бугарофилот Владо “Шоферот” Черноземски кој денеска го славите, под команда на Ванчо Михајлов во име на БУГАРСКА Македонија, ги убиваше нашите предци низ Пиринско, но и македонските револуционери каков што беше и Димо Хаџи Димов!

Време е да се стави крај на вакви подметнувања во македонската историја, кои одат во прилог единствено на бугарската пропаганда!

И не, песната од Војо Стојановски не е народна, туку нарачана од неговиот тогашен Претседател на партијата Љубчо Георгиевски, кој после некоја година си призна дека бил неосвестен Бугарин! Денес пак некои ликови се будат и биле “неосвестени” а се чудите од каде?!?

Се почнува од славење на вакви контроверзни личности-слуги на туѓи дворови.

Југословенскиот крал е убиен за да се замени со бугарскиот крал, а не за да се ослободи Македонија!