Црвена Младина организира настан за размена на книги

По повод светскиот ден на книгата, Црвена Младина организира настан за размена на книги. Настанот ќе се одржи во Градскиот Парк кај Фонтаната во четврток на 21.04.2022 година, од 15 до 18 часот.

„Сакаме да потенцираме дека книгата е нераскинливата врска помеѓу минатото и иднината и да го промовираме читањето на книги, особено кај младите во време кога постои тренд на намалување на процентот кај младите кои читаат книги.”

Сите заинтересирани може да го постетат настанот и да допринесат во неговата реализација, да си разменат книги и да се дружат.