НР Кина стана најголем извозник на автомобили во светот

НР Кина стана најголем извозник на автомобили во светот, откако ја престигна Јапонија во првите три месеци од оваа година.

Официјалните податоци објавени минатата недела покажаа дека НР Кина има извезено 1,07 милиони возила во првиот квартал, што е за 58% повеќе од првиот квартал за 2022 година.

Како главен фактор за зголемувањето на извозот на автомобили е наведена зголемената побарувачката за електрични автомобили и продажбата во Русија.

Минатата година НР Кина ја престигна Германија и стана втор најголем извозник на автомобили во светот. НР Кина извезла 3,2 милиони возила во 2022 година, во споредба со германскиот извоз кој за таа година беше 2,6 милиони возила, – податоци кои ги објави Кинеската генерална царинска управа.