АктуелноЛокално

Апасиев бара лисици од Ковачевски за да ја држи опозицијата во заложништво

Лошата реторика на неизбраниот премиер Димитар Ковачевски зема се поголем замав. Ова го потврди неговата вчерашна изјава во врска со најавата на лидерот на Беса Биљал Касами, кој за да ги поддржи уставни измени, побара на пролет да се организираат предвремени избори.

На ова Ковачевски на прес-конференцијата рече дека не сака да поверува дека и Касами, исто како и Христијан Мицкоски, станал заложник на лидерот на Левица Димитар Апасиев.

Оваа изјава на Ковачевски е уште една од многуте кои наидоа на потсмев кај граѓаните, а и самиот Апасиев се приклучи во сериот кон лидерот на СДСМ, кој споделувајќи ја веста напиша „Таче, брааат, молим те дај лисици – нема више место кај парното. Сите ги држам у заложништво“.

Од фејсбук страницата Tрета опција објавија монтирана фотографија која се потсмева на реториката на Ковачевски каде напишаа „Во живо од домот на Димитар Апасиев. Заложниците Касами и Мицкоски врзани за парното“.

На овој сарказам се приклучи и Советникот од Левица во Гевгелија, Јанчев кој објави слична фотографија од „Подрумот на Апасиев според инфото на Таче“.