Левица: Вработените во Жито караорман – Кичево четири месеци без плата

  • Реакција на Левица ЛО – Кичево

Во ова време кога се соочуваме со огромна инфлација и криза, вработените во Жито Караорман АД Кичево четири месеци се оставени на раб на егзистенција.

Без плата и без исплатен додаток на плата К- 15, кој и доколку се случи да биде исплатен, за возврат платата се дава во бонови за одреден супермаркет.

Фирмата дури пред неколку месеци започнала со исплаќање на додаток за СТАЖ (иако тој закон постои со години). Поради тоа, многу вработени може и нема да успеат правото на пензија за која работеле целиот свој живот.

Во првичната приватизација, компанијата имаше ситно работничко акционерство, во кое партиципираа сите кои работеа во оваа компанија. Во 2015 година, со купени 5.600 хартии од вредност и учество од 50,67 % од вкупниот број на обични акции, Сретен Миладиноски станува доманантен сопственик. Тој е син на Софронија Миладиноски, професор и декан на Факултет за туризам и угостителство во Охрид, кој во 2010 година бил суспендиран од функцијата декан.

До кога институциите со амин на власта ќе бидат слепи и глуви на прекршувањето на едно од основните човекови права, а тоа е правото на егзистенција?

Последиците од приватизација на државните фирми може да ги почувствува само обичниот работник кој работи за плата, да преживее. Додека обичниот човек едвај врзува крај со крај, плаќа кредити, нема ни здравствено осигурување, бизнисмените си тријат раце од нивните добро разработени криминални бизниси. До кога ќе се обезвреднува трудот на работникот?

Левица, како единствена партија која се залага за правата на работниците, ќе поднесе пријава до Државниот инспекторат за труд и ќе ги искористи сите институционални механизми против ваквата брутална експлоатација на вработените.