Ковачевски моли помош од ЕУ за борба против Левица

Откако најновите анкети и пресметки покажуваат дека СДСМ оди кон пасокизација додека паралелно расте рејтингот на Левица, во немоќ за спротивставување на овој тренд Ковачевски моли за помош од ЕУ.

Според лидерот на СДСМ, Левица е таа која стои на европскиот пат, а не балистичките закони, спорниот избор на јавен обвинител за организиран криминал без биографија и програма кој е соселанец на Али Ахмети, ниту тоа што партиската правничка Дамчева стана претседателка во Врховниот суд.

„ЕУ мора сериозно да размисли за опструкциите на опозицијата и обидите по секоја цена да го загрозат европскиот“ порача Димитар Ковачевски во обраќање на Самитот на лидери во Виена, организиран од Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.

Нарекувајќи ги „агенти на хаосот“, Ковачевски само уште еднаш потврди дека Левица е единствената политичката опција која се заканува на нелегитимната влада, што ја вовлече земјата во огромна економска и енергетска криза, што резултираше со најголема инфлација во историјата на државата. Тој додаде дека популарноста на Левица расте многу побргу од популарноста на левичарските партии во останатите европски држави.

„Го споменав растечкиот популизам во Европа. Но, популизмот расте многу побрзо во Западен Балкан. Политичката партија Левица нема никаква врска со левичарите, тие се повеќе десница. Тие се агентите на хаосот, тоа единствено го прават, да создадат хаос во земјата.“

Од изјавата на Ковачевски пред Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, може слободно да се заклучи дека тие партијата ја гледаат како главна опозициска парија, чија политика е следена од останатите партии.

„Тие се уште поопасни затоа што ги имаат земено ВМРО-ДПМНЕ како заложници. Конзервативната ВМРО-ДПМНЕ се натпреварува за радикализам со Левица, рече Ковачевски.“