АктуелноИнтернационално

Протест на Златна зора во Грција против центарот за македонски јазик

Во одбрана на нашата Македонија! – Гласеше повикот на фашистичката партија во Грција Златна зора која вчера протестираше во Лерин против новорегистрираниот Центар за македонски јазик во овој град.

Во исто време студентите и грчката Комунистичката партија одржаа контрапротест против присуството на Златна зора во нивниот град.

„Се собравме тука да им кажеме не на убијците, на терористите, на фашистите. Тие тука се непожелни“, изјавуваа организаторите на контрапротестот.

Протестот на припадниците на Златна зора беше поддржан од уште неколку сродни организации. Тие протестот го започнаа во новиот парк во Лерин на протест против регистрацијата на грчките судови на Центарот за македонски јазик и против какво било организирање на „скопјаните или Македонците“. Од страна на полицијата не им беше дозволено на приврзаниците на Златна зора да излезат на централниот плоштад.

Македонци кои живеат во Лерин велат дека е тажно тоа што многу малку Македонци биле присутни на антифашистички протести на студентите и на комунистите кој се одржуваше истовремено.

Големото присуство на полицијата не дозволи да има какви било судири за време на протестите.