Хиподром 2 – Нова населба стари проблеми

  • Реакција на Левица – ЛО Гази Баба

Хиподром 2 е релативно нова населба во општина Гази Баба. Пред 7 години почна приказната за оваа населба и доста граѓани почнаа да инвестираат во овој крај на нашата општина.

Ветувањата беа слични како една друга населба, Јака, во соседна општина Илинден. Релативно пристапни цени на земјиште, разноразни субвенции, ветувања за населба според највисоки стандарди. На кратко, идна утопија во Гази Баба. Но, дали е тоа така?

За жал, ќе пројде една деценија, а жителите на Хиподром 2 се соочуваат со проблеми кои се решени во повеќето РУРАЛНИ делови во општина Гази Баба. Несоодветна комунална и сообраќајна инфраструктура, секоја промена на време резултира со тешка пристапност до станбените објекти, недоволна осветленост, зашуменост итн.

Левица – Гази Баба апелира до локалната власт овој проблем да биде решен што поскоро бидејќи тоа е во нивни раце. Мора оваа повеќегодишна голгота да се среди. Во иднина проекти од овој тип мора да имаат во предвид да се средат основните потреби на потенцијалните нови жители, а не само да се продаде земјиште без никаква понатамошна одговорност!