Борбата за правда на Асанж продолжува на Европскиот суд за човекови права

Иако во јануари британската судијка Ванеса Барајтсер од Судот во Лондон пресуди дека Џулијан Асанж не треба да биде екстрадиран во САД под обвинение за шпиунажа и хакирање на владини компјутери и во меѓувреме, главниот сведок Тордарсон призна дека сведочи лажно во случајот против Асанж, Високиот суд на Лондон ја прифати жалбата на САД и ја дозволи екстрадицијата на Џулијан Асанж.

Оваа одлука доаѓа по жалбата на САД, поднесена за пресудата од 4 јануари, со која беше одбиена екстрадицијата на основачот на Викиликс поради стравувањата дека неговиот живот не може да биде безбеден во затворите на САД! Но, Врховниот суд на Обединетото Кралство ја отфрли жалбата на Џулијан Асанж за одлуката за негова екстрадиција во САД, каде што соосновачот на Викиликс се соочува со обвиненија за шпионажа. 

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се бори против екстрадиција од Велика Британија во САД, поднел жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), потврдија од овој суд.

Асанж (51) е баран од американските власти по 18 обвиненија, вклучително и шпионажа, откако Викиликс објави голем број доверливи американски дипломатски и воени документи, кои сведочат за бројни воени злосторства вршени од страна на САД во воените операции на Блискиот исток во Ирак и Авганистан.

Британија даде зелено светло за негова екстрадиција, но Асанж поднесе жалба до Врховниот суд во Лондон, кој ќе го сослуша на почетокот на следната година. Неговиот правен тим, исто така, поведе случај против Велика Британија пред ЕСЧП, што може да предизвика блокада на екстрадиција.

„Потврдуваме дека пријавата е пристигната”, соопшти лондонскиот суд.

Против 51-годишниот Австралиец во САД е поднесена тужба заради објавување на повеќе од 700.000 доверливи документи за американските воени и дипломатски активности, особено во Ирак и Авганистан. Доколку биде осуден, се соочува со затворска казна од 175 години.