Навршија 66 години од почетокот на кубанската револуција

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во Општина Гевгелија

На денешен ден пред 66 години само со осумдесет и двајца револуционери, меѓу кои и Че Гевара, Фидел Кастро ја почна Кубанската револуција која е можеби најантиимперијалистичкиот настан во поновата историја.

На крај режимот на Батиста, америчкиот чизмолижач, и америчкиот империјализам, маскиран во прогрес и демократска борба, си добија по нос.

Само осумдесет и двајца требаше за да запалат оган и зададат пресуден удрат по носот на режимот на Батиста и најголемата империјална сила во човечката историја.
Наравоучение, бројките се важни, големината на непријателот е важна, но не се пресудни сами по себе.

Јајца и јасна благородна народна идеја се тоа што ја прави магијата, тоа што ја прави победата. А баш тоа е тоа што империјалните господари и странските угнетувачи никогаш го немаат.

Нашите дедовци и баби во Втора светска војна баш поради тоа излегоа како победници, оти имаа храброст и јасна благородна цел, идеја, а цело време си имаа работа со бројно и технички надмоќен непријател, во прв ред бугарската држава со својата организирана војска и Германија со својата дотогаш невидена воена машинерија.