Министрите на СДС и ДУИ и градоначалниците на ДПМНЕ во лов на гласови со државни пари

Владата официјално им ги реализира нереализираните проекти на градоначалниците на Мицкоски. На денешниот настан во Владата присуствуваа градоначланиците на Охрид, Велес, Штип, Кисела Вода, Гази Баба и останати градоначалници кои ќе добијат финансиски средства од Владата за реализацја на проекти.

Две милијарди денари или 32,5 милиони евра ќе искористат 44 општини за да реализираат 66 проекти различни области. Станува збор за пари од шест министерства и од Агенцијата за млади и спорт, кои Владата одлучи да ги пренамени и да им ги додели на општините раководени од градоначалници од разни политички партии и од власта и од опозицијата.

Министрите од Владата на СДСМ и ДУИ и градоначалниците на ДПМНЕ ги потпишаа договорите, со што по објавените стотици огласи од државните институции за вработување, подготовката за избори на широката коалиција продолжува преку проекти во предизборието, кои единствено ќе служат како ПР, кој има цел да ги замачка очите на граѓаните, традиционално во последните неколку месеци пред изборите. Ова, многумина го оценуваат како обид на СДСМ и ДПМНЕ, пред гласачите да ги задскријат неуспешните политики изминатите години власт, како на централно, така и на локално ниво.