Македонската текстилна индустрија во Југославија и денес

Оваа недела протестираа текстилните газди поради нивната желба за уште поголема експлоатација на текстилните работнички, под спонзорство на државата. Во одговор на ова, Левица повика на национализација на текстилните фабрики. Еве какви резултати ваквото решение покажало за време на СФРЈ:

1.Сè до 1990-тата година македонската текстилна индустрија била во расцут. Тоа се должело токму на државното инвестирање во индустријата. По Втората светска војна, многу текстилни фабрики биле национализирани и играле важна улога во процесот на индустријализација и колективна мобилизација. 

2.16,7 % од државните инвестициите на СФРЈ во периодот 1947-1953 во Македонија биле во текстилната индустрија. Тогаш биле изградени два огромни капацитета: Тетекс (во Тетово) и Македонка (во Штип), во кои се вработиле 9850 лица (за споредба претходно текстилниот сектор вработувал 393 лица). До 1990 година, низ Македонија биле отворени и работеле околу 100 фабрики како: Нонча Камишова во Велес,  Тетекс во Тетово, Македонка и Астибо во Штип, СОЗТ Интекс, Стружанка, Прогрес-Скопје, Готекс итн. 

3.Со оглед на тоа што во текстилната индустрија работеле претежно жени, фабриките биле дел од целокупната социјалистичка политика заснована врз идејата за родово-базиран однос „мајка-работничка“ и биле сметани како институции за модернизација кои селаните ги претворале во работници и самоуправувачи за да го подобрат нивото на потрошувачка и животниот стандард на целото население.

4.Како и фабриките во другите индустриски сектори, текстилните фабрики делувале и како центри за социјална прераспределба преку кои за работниците низ целата земја било обезбедувано пристап до образование, културна еманципација и социјална заштита, мензи и здравствена заштита. 

5.Текстилната индустрија вработувала 64.361 лица во 1989 година, а се претпоставува дека денес вработува помалку од 30,000. Просечната плата во 80-тите се искачила и до 543 американски долари. За разлика од денес, кога се спушта и до минимална плата од 101 евро (не сметајќи ја дополнително инфлацијата), овозможено од Законот за минимална плата, донесен со цел привлекување странски директни инвестиции.