Нина Групер е загрижена: прогресивниот данок ги збуни софтверашите!

„Значи, да се разбереме – нема никаква врска тоа што го одложивме оданочувањето на капиталните добивки со тоа што јас на сметка имам 300.000 еур. И нема никаква врска замрзнувањето на прогресивниот данок со тоа што сум газдарица и си ги штитам своите интереси. Најмалку, пак, се точни вашите шовинистички забелешки дека сум направена од реброто на господинот Анѓушев, кој многу го почитувам, и кој е исклучителен претприемач и вице-премиер.

Сама се одлучив да го вратам рамниот данок бидејќи повеќе не можев да ја поднесам конфузијата која што прогресивниот данок го донесе кај народот! 10% за ова, 15% за она, 18% над 1.500 еур – па човек треба да заврши економски за да разбере колку данок ќе треба да плати годината! Па капитални добивки, транши, добивка, персоналец… Сето тоа е премногу збунувачки и ние, како народ и држава, НЕ СМЕ СПРЕМНИ НА ТОА.

И најпогодени се ИТ лицата. Баш забележав, уште кога беше најавен законот, во неколку програмерски групи на ФБ, софтверашиве комплетно беа збунети за тоа колкав данок треба да платат! Па половина од нив мислеа дека после даночењето ќе им останат повеќе пари ако наместо 1600 еур земаат плата од 1500 еур! Кутрите, толку беа погодени од данокот, што едно време сакаа да направат своја, програмерска партија, да ја преземат власта и да воведат електронско гласање во Собранието! А замислете колку ќе се закочи економијата ако вакви капацитети од работници се занимаваат со политика, наместо да бидат евтина работна сила за странски инвеститори во државата!

Е, од 2023, веќе ќе е поинаку. Ќе спроведеме и курсеви, ќе ве едуцирамe сите како да пресметате 18% и се ќе биде поедноставно. А до тогаш, зошто да расипуваме нешто што толку прекрасно функционираше во времето на Грујо?“ – Нина Ангеловска а.к.а. Групер, претприемачка, феминистка и сегашна министерка за финансии.

* по втор пат, бесрамно инспирирано од стилот на единствените Пост Вистина
** по втор пат, далеку пониско квалитетно од нив
*** За тие кои не сфатија, објавата е сатирична и не е вистинска изјава на Нина Ангеловска. Авторот Јован Крајевски, еден од збунетите програмери од прогресивниот данок.

„Значи, да се разбереме – нема никаква врска тоа што го одложивме оданочувањето на капиталните добивки со тоа што јас на…

Публикувахте от Jovan Krajevski в Петък, 1 ноември 2019 г.