Апасиев: Соопштенијата на СДС против мене се како потерницата на нацистите по Тито

Црната кампања на СДСМ против Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев трае со години. Но, реториката која ја води владејачката партија, на клевети, заканувачки изјави и оцрнување изминатите неколку недели достигнува нова кулминација. Од Левица сметаат дека причина за ова се најновите анкети кои покажуваат дека рејтингот на партијата расте, додека СДСМ се движи кон пасокизација.

По бројните обвинувања од лидерот на владејачката СДСМ, нивните новинари и апологети, денес Апасиев како одговор цитираше извадок од потерницата на германските нацисти со која распишуваат награда за главата на Тито.

„Овој злосторник ја фрли земјата во најголема несреќа! Како БОЉШЕВИЧКИ АГЕНТ, овој сквернавител на црквата, лопов и друмски разбојник, сака во Нашата Земја да организира советска република, а притоа си се вообразил дека тој, ко божемски, е ‘повикан’ да го ослободи народот…

Оваа негова ‘ослободителна акција’, која сака да инклинира кон бољшевизам – кон тој најгрозен политички режим на светот, им го одзема имотот, доброто и животот на илјадници луѓе. Таа само го поремети мирот на селаните и на граѓаните и ја фрли земјата во неопислива беда и неволја.“

„Не. Не. Не е ова соопштение на Таче од СДС против Апасиев. Ова е потерницата на германските нацисти со која распишуваат награда за главата на Тито“, напиша Апасиев на фејсбук.

Останува да видиме дали и понатаму за сите неуспешни политики на оваа Влада ќе останат виновни двајцата пратеници и Политичката партија Левица.